За Нас

Историја

Дом на култура „Тошо Арсов“-Виница  порано бил Работнички универзитет.Во 1995 е преименуван во Дом на култура, а во 2004 год. општина Виница и Советот на општината ги превзема основачките права со што се преименува во Општинска установа -Дом на култура „Тошо Арсов“-Виница.

kinonadvor

ОУ Домот на културата успешно го организира и развива културното живеење и творење,овозможува уметничко и креативно изразување,поттикнува интеркултурни иницијативи ,работи на афирмација на културните различности, се грижи за културниот развој и афирмација на творештвото .Во својата работа ОУ Дом на култура „Тошо Арсов“-Виница ги вклучува творците-уметници кои ќе бидат интегрирани како креативна сила во промоцијата на културните случувања и ќе бидат клучен елемент за создавањае на културни и уметнички богатства и ресурси.

Александра Давиткова

Директор

Ансамбл ,,Серенада"

Ансамблот ,,Серенада“ Виница почнува да функционира од 2008 година. -Виница има долга традиција на староградска песна. Почетоците се пред втората светска војна со градското пеење и со групите кои беа формирани. Имаше две – три групи кои ја негувале серенадната песна што поминале во староградски песни. Традицијата продолжува и после втората светска војна преку ансамблите за староградска песна „Распеани Виничани“ , женската пејачка група „Јана“ и со новоформираниот ансамбл за староградски песни „Серенада“ што работи во склоп на Дом на Култура „Тошо Арсов“Виница.

 

Ансамблот ,,Серенада“ има многубројни признанија, награди,гостувања во многу градови во Македонија и надвор од неа. Од постоењето па до денес во Македонија има настапувано во поголем дел од градовите,додека надвор од Македонија има настапувано на повеќе фестивали во Бугарија,Турција,Полска и Италија,со одржување на целовечерни концерти.

Ансамблот го сочинуваат образовани уметници.Ансамблот ,,Серенада“ има и аудио запис,промовирано ЦД од десет староградски песни од виничкиот регион и цела Македонија.Континуирано се одржуваат проби од март до декември.

серенада1
серенада2