ФИЛМСКА СРЕДА КИНО САЛА-ВИНИЦА “ИЗОЛАЦИЈА”

📅 23.09.2025
Јован (Милош Биковиќ) е млад биолог кој добива добро платена работа во научна станица сместена длабоко во шумата. Во почеток осаменоста му изгледа како идеално бегство од цивилизацијата, но набргу почнуваат да го вознемируваат необјасниви случки. Како што поминува времето, Јован станува свесен дека не е сам…
Времетраење: 82 мин
Категоризација: 12+
📅 24.09.2025 (среда)
🕗 Почеток: 20:00 часот
🎟️ Влез: 100 денари
Билетите се веќе пуштени во предпродажба и можете да ги набавите од денес во Дом на култура ,,Тошо Арсов” Виница секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот.